Храброста на Гоце е сликовница во која е опишан дел од животот на Гоце Делчев, во вид на раскази кои опфаќаат една целина.
ЈУНАКОТ ОД МЕЧКИН КАМЕН е сликовница во која на интересен начин е опишан животот на еден од нашите најистакнати војводи и директен учесник во Илинденското востание, Питу Гули.
ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ е сликовница во која на интересен начин е опишан животот на еден од нашите најистакнати војводи и директен учесник во Илинденското востание, Никола Карев.
УЧИТЕЛОТ ОД СМИЛЕВО е сликовница во која на интересен начин е опишан животот на еден од нашите најистакнати војводи и директен учесник во Илинденското востание, Даме Груев.
БЕСМРТНАТА ВОДА е поучна приказна, во која го следиме патешествието на Наумче кој, откако ќе разбере дека сите сустештва се смртни нема да ја прифати краткотрајноста на животот и си дава збор дека ќе ја пронајде бесмртната вода и ќе им даде вечен живот на своите родители.
Сликовницата за деца “Професорот Зоо и неговите пријатели” од авторот Смиле Цветановски, е еден поучен наратив во кој децата ќе се сретнат со различни интересни и егзотични животни и тоа преку текст и цртеж, и тоа на два јазика, македонски и француски.
„Mалата Мечка и Големата Мечка“ е книга за деца, ама повеќе е книгиче за возрасни, и тоа не кои било и какви било возрасни, туку за мајки и татковци и баби и дедовци на мали деца. И за сите големи кои со радост се сеќаваат на деновите кога биле мали.
Патина е еден вид длабока анализа на авторот кон себеси, во неа однесени сме на прошетка низ личното подземје и надземје на Тихомир во кои тој го (ре)открива својот личен пат во испреплетеноста на „овој“ и „оној“ свет. Со синтезата, пак, на сродните човечки индивидуалности во една споделена целовитост, го сведочиме освестувањето на авторското чувство за припадност во свет кој нуди победа над себето, но не како резултат на самопобедување. Токму со таа сетилност Јанчовски нуди сосема ново доживување на концептот на “пат околу себе за живот дена”. Со тоа не само што го оправдува пристапот на реоткривање на животните врски и смисли низ дневничко-исповеднички записи, туку останува верен и на иницијалното ветување кон читателот за прозно заедничарење, потпирајќи се на зборот како на трет сопатник...
ЕСТЕТИКА НА СТРИПОТ е збирка на огледи од областа на филозофијата, историјата и социологијата на стрипот.
ФАНТАЗМАВИЗИЈА е книга за создавањето на еден имагинарен свет кој има конзистентност и постои како фатаморгана паралелно со нашиот познат свет во даден простор и време. Воедно, тоа е книга за љубовта кон цртањето.Книгата го поттикнува и ликовниот аматеризам во најдоброто значење на зборот како љубов и посветеност кон уметноста. Впрочем Тони Анастасовски е еден од најголемите ентузијасти во ликовната уметност кај нас и е пример за пожртвуваност, доследност и истрајност во остварувањето на својата визија. Да се посвети цел живот на уметноста и да се обликува сопствената визија во книга како што е ФАНТАЗМАВИЗИЈА е значаен потфат. Станува збор и за значаен јубилеј на авторот. Триесет и пет години цртање е долг период на самопрегорно вложување на себе во уметноста и треба да се одбележи. Особено имајќи го предвид специфичното авторско разбирање на уметноста и на задачата на уметникот кое го има Тони Анастасовски.