„Фантазмагорија“ е логично продолжение на потврдениот и зацртан квалитет од кој Цветановски не отстапува. Но, таа не е само уште една креација во богатата низа негови дела, туку ја има додадената вредност да биде досегашно заокружување на истата таа низа – приказ на целокупниот сликарски опус на овој наш истакнат автор. Поместувајќи го во неа со години ставаниот на хартија интерен надреален свет на Цветановски, нејзините страници се вистински деликатес за уметничките сладокусци и своевиден портал кон еден богат духовен живот и неверојатна имагинативност. А, како таква, и со илустрациите но и со текстот, таа претставува значаен книжен портрет, белешка за неговото творештво и биографија за професионалниот живот на еден од нашите најдобри визуелни уметници.

Phantasmagoria is a logical sequel to the proven and established quality from which Cvetanovski has never departed. This book, however, is not a mere addition in the course of his fruitful artistic work, but it brings added value by rounding off this work – it provides a digest of this prominent author’s entire artistic oeuvre. Presenting Cvetanovski’s inner surreal world that he has been transposing on paper for years, these pages offer themselves as a true delicacy to art connoisseurs and a kind of portal to the author’s rich spiritual life and remarkable imagination. As such, the book is an important literary portrait, both with its illustrations and its text; it stands as an account of Cvetanovski’s work and a biography of the professional life of one of our finest visual artists.
Смиле Цветановски ФАНТАЗМАГОРИЈА Уметноста на Смиле Цветановски 30 години уметност Издавач СТРИП КВАДРАТ ДОО Уредник Никола Темков Дизајн Смиле Цветановски и Стрип Квадрат Текстови Александар Станковски, Гоце Дртковски, Марко Стојановиќ, Александар Стеванов Јазична редакција Андреј Јованчевски