Храброста на Гоце е сликовница во која е опишан дел од животот на Гоце Делчев, во вид на раскази кои опфаќаат една целина.
Храброста на Гоце е сликовница во која на интересен начин е опишан животот на Гоце Делчев. Ќе го запознаете Гоце не само како војвода, туку и како трговец, учител, како и сè она што тој го има направено во текот на својот живот. Иако соочен со смртта, неговата глава била уценета на 1000 лири, тој храбро чекорел по тогашната Отоманска Империја и успевал да го организира и да го подготвува народот за востание за целосно ослободување на Македонија.