ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ е сликовница во која на интересен начин е опишан животот на еден од нашите најистакнати војводи и директен учесник во Илинденското востание, Никола Карев.
ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ е четвртиот наслов од Едицијата “Револуционери”, овојпат со текст и илустрации на Никола Темков. Тоа е сликовница во која на интересен начин е опишан животот на еден од нашите најистакнати војводи и директен учесник во Илинденското востание, Никола Карев. Ќе го запознаете Карев преку приказните за неговото детство, деновите проведени како чирак во работилницата на Васил Главинов, но особено за неговото учество во Илинденското востание и неговата улога како прв претседател на Крушевската Република.