ФАНТАЗМАВИЗИЈА е книга за создавањето на еден имагинарен свет кој има конзистентност и постои како фатаморгана паралелно со нашиот познат свет во даден простор и време. Воедно, тоа е книга за љубовта кон цртањето.Книгата го поттикнува и ликовниот аматеризам во најдоброто значење на зборот како љубов и посветеност кон уметноста. Впрочем Тони Анастасовски е еден од најголемите ентузијасти во ликовната уметност кај нас и е пример за пожртвуваност, доследност и истрајност во остварувањето на својата визија. Да се посвети цел живот на уметноста и да се обликува сопствената визија во книга како што е ФАНТАЗМАВИЗИЈА е значаен потфат. Станува збор и за значаен јубилеј на авторот. Триесет и пет години цртање е долг период на самопрегорно вложување на себе во уметноста и треба да се одбележи. Особено имајќи го предвид специфичното авторско разбирање на уметноста и на задачата на уметникот кое го има Тони Анастасовски.
Книгата ФАНТАЗМАВИЗИЈА на Тони Анастасовски има чудесна особина да отвора видик кон некои нови и возбудливи светови - отсонувани светови создадени од материјата на сонот и од граѓата на мечтите. Светови содадени со дејствувањето на раката на уметникот (моторна активност) зад која останува линијата. Од линијата и од нејзиното вознемирено движење (израз и динамика на линијата) тој создава замислени предели (имагинарна топографија). Тој е цртач кој со линијата го исцртува и опкружува она што е сè уште нејасно и непознато, во зачетокот од неговото појавување, со зафат што создава можност за постоење на оние насетени архетипски и митски фигури и формации на несвесното кои така стануваат видливи.
ФАНТАЗМАВИЗИЈА е книга за создавањето на еден имагинарен свет кој има конзистентност и постои како фатаморгана паралелно со нашиот познат свет во даден простор и време. Воедно, тоа е книга за љубовта кон цртањето.
Книгата го поттикнува и ликовниот аматеризам во најдоброто значење на зборот како љубов и посветеност кон уметноста. Впрочем Тони Анастасовски е еден од најголемите ентузијасти во ликовната уметност кај нас и е пример за пожртвуваност, доследност и истрајност во остварувањето на својата визија. Да се посвети цел живот на уметноста и да се обликува сопствената визија во книга како што е ФАНТАЗМАВИЗИЈА е значаен потфат.
Станува збор и за значаен јубилеј на авторот. Триесет и пет години цртање е долг период на самопрегорно вложување на себе во уметноста и треба да се одбележи. Особено имајќи го предвид специфичното авторско разбирање на уметноста и на задачата на уметникот кое го има Тони Анастасовски.
Тони Анастасовски рано започнува да црта и оваа страст не го напушта до денес. Како млад уметник објавува свои цртежи во Млад борец и во Студентски збор. Во 1987 година неговите илустрации се објавувани на насловни страни на изданијата на Дечје новине (Горњи Милановац) и Дневник (Нови Сад). Во тогашна Југославија објавува низа илустрации и изработува плакати за филмови и ковери за VHS касети. Во 1991 ги објавува стриповите Фатаморгана и Експеримент (сценарија на Владо Николовски). Во текот на овој период објавува и други стрипови во Стрип арт, Стрип креатор и Струп арт-визура. Работи на колоризирање на стрипови за повеќе издавачки куќи како што се Просветно дело, British Council, Визант и др. Учествува на голем број изложби на стрипови и илустрации во земјава и во странство.