Кантана - За одмазда повеќе

   (1 Оценувања)
Достапност :
 Има на залиха

Категорија : Стрип
  Подкатегорија : Стрип-албум

Производител : Стрип Квадрат ДОО

Во стрип-албумот ,,КАНТАНА” епизода ,,ЗА ОДМАЗДА ПОВЕЌЕ”, авторот Јовчевски ве носи во оние познати постулати на класичниот вестерн: широка прерија по која јава осамен јавач, поштенски кочии, возови со парни локомотиви, ловец на уценети глави, бескрупулозни бандити, измамени и убиени индијанци, индијански одмазници, каубојци истерувачи на своја правда, салун со пијаници и дами за забава... Стожер на приказната е ликот на Бил Балука од Индијанците наречен Кантана (гробар). На почетокот на приказната тој е младо момче чиј татко е убиен, речиси пред неговите очи, а десеттина години подоцна тој се преобразува во одмазник на виновниците за неговата лична несреќа, но и на заштитник на Индијанците и на другите жртви на насилниците од секаков род и вид, присутни во тоа време и на тој простор.

 

Автор: Игор Јовчевски
Издавач: Стрип Квадрат Јазик: Македонски Година: 2023
Оригинален наслов: Кантана - За одмазда повеќе | Бр. на страни: 72 | Димензии: 30см | Корица: тврд

600 ден. 750 ден.

Опис

Во вестерн стриповите на Игор Јовчевски има поигрување со самиот вестерн жанр и со неговите црно-бели јунаци (во стрипот и буквално нацртани со црн туш на бела хартија) и строго разграничување на тоа: кој е добриот, кој е лошиот, кој е убавиот, а кој грдиот – кој е херојот, а кој антихеројот.

Во вестерн стриповите на Јовчевски, покрај еволуцијата и трансформацијата на класичните херои и антихерои, забележлива е и еволуцијата и трансформацијата на самиот цртеж, од лефтерно необврзан, до строго прецизен, со филмско кадрирање на широка панорама, до вцртување на ситни, но важни детали од сценографијата, костумите, но и од лицата на главните јунаци од кои се чита: болка, страв, лутина, бес, потсмев, смеа, радост...

Додека на филмската сцена, за се ова да биде како што треба, се грижат еден куп професионалци, мајстори на својот занает, во стрипот тоа му е препуштено на цртачот и неговата имагинација и вешта рака, замисленото умешно да го пренесе на хартија. Читателот, од своја страна, тоа треба да го забележи и прочита, но и со својата имагинација да го почувствува и награди тој имагинарен свет.

Во стрип-албумот ,,КАНТАНА” епизода ,,ЗА ОДМАЗДА ПОВЕЌЕ”, авторот Јовчевски, тоа креирање и приближување на имагинарните приказни до читателот, го прави на врвно естетско ниво. Со своето мајсторство, Игор Јовчевски воопшто не заостанува зад најдобрите европски и светски стрип мајстори. За тоа книгава е вредна да се прочита, но и да се доживее тој црно-бел свет на мислата, играта и фантазијата. 

Оценки од корисници

2023-06-18

Оценете го продуктот

Карактеристики

Автор: Игор Јовчевски
Издавач: Стрип Квадрат Јазик: Македонски Година: 2023
Оригинален наслов: Кантана - За одмазда повеќе | Бр. на страни: 72 | Димензии: 30см | Корица: тврд

0 ден.
0