Деветка бр.9

   (0 Оценувања)

Категорија : Списанија
  Подкатегорија : Деветка

Производител : Стрип Квадрат ДОО
  Модел : Никола Темков

Автор: Јордан Коцевски

Издавач: Стрип Квадрат Јазик: Македонски Година: 2022

Оригинален наслов: Деветка бр.9 | Бр. на страни: 60 | Димензии: 30цм

120 ден.

Опис

И овој број ги содржи препознатливите рубрики, како стриповски, така и текстуални. Овие втори те од нашите постојани соработници Иван Вељковиќ и Ивица Дукоски. Вељковиќ овој пат ни дава рецензија за стрип албумот  „Витези од соседството“ (Стрип Квадрат) на двоецот Јордан Коцевски и Дарко Богданов (веќе е повеќе од јасно кој овде пишува, а кој црта), а Дукоски во рубриката „Стрип читална“ ни дава свој осврт и ни ги претставува изданијата „Бамбино“ (Гаврош) на Ника Гавровска и Никола Радуловиќ, стрипот за деца „Бестрашниот” (Креативна Верига) на Дарко Богданов и „Пјонгјанг: Патување низ Северна Кореја“ (Бункер) на Ги Делил. Специјален стрип автор на бројот е Јордан Коцевски со кого направивме едно интересно интервју во кое ни раскажува за својата работа на стрип сценарија, соработката со цртачите, ситуацијата со стрипот кај нас и за неговата писателска работа како романописец. Ни гостува со стрипот „Да се биде суперхерој“ нацртан од Александар Илиевски. Со илустрација за насловната страница овој пат нè почести мојот соборец и ликовно-графички уредник на „Деветка“, Никола Темков, со една специјална наменска илустрација од филмскиот Конан. Оваа година се навршуваат 40 години од премиерата на култниот филм на Џон Милиус „Конан варваринот“ со Арнолд Шварценегер во улогата на Симеријанецот. За таа цел и во рубриката „Галерија“ објавуваме една моја илустрација од Конан во позрели години инспирирана од идејата која веќе со години наназад кружи по светските медиуми за снимање на нов филм, овој пат за кралот Конан. Кога сме веќе кај галеријата со илустрации сакам посебно да ги истакнам фантастичните Дамјан Ѓоргиевски и Александар Танчовски, млади мајстори на својот занает. Стрипот „Војдан“ на нашиот легендарен мајстор Диме Иванов – Димано претставува можеби наше најголемо стрип богатство. Овде продолжуваме со третиот дел од првата епизода од сагата за Војдан. Јас и Темков Ви се претставуваме со наши постари работи, но секако овој пат премиерно објавени на страниците на „Деветка“. Никола го читаме во комитскиот стрип „Неранимајко“, а мене во стриповите „Bad Luck?!“ и „Destiny“ кои беа дел од мојата прва албумска збирка стрипови „Кратки Резови“ ( 2009). Гостинот од Турција, Јашар Фират го имаме со втора епизода од неговиот стрип „The Holy Escrow“.

Игор Јовчевски

Оценки од корисници

Оценете го продуктот

Карактеристики

Деветка бр.9

Автор: Јордан Коцевски
Издавач: Стрип Квадрат Јазик: Македонски Година: 2022
Оригинален наслов: Деветка бр.9 | Бр. на страни: 60 | Димензии: 30цм

0 ден.
0