Фантазмагорија - Уметноста на Смиле Цветановски

Фантазмагорија - Уметноста на Смиле Цветановски

2.000 ден.

„Фантазмагорија“ е логично про­дол­же­ние на потврдениот и зацртан квалитет од кој Цветановски не отстапува. Но, таа не е само уште една креација во бо­га­та­та низа негови дела, туку ја има до­да­дената вредност да биде досегашно зао­кру­­жу­­ва­ње на истата таа низа – приказ на целокуп­ни­от сликарски опус на овој наш истакнат автор. Поместувајќи го во неа со години ставаниот на хартија ин­те­рен надреален свет на Цветановски, неј­зи­ни­те страници се вистински де­ли­ка­тес за уметничките сладокусци и свое­ви­ден портал кон еден богат ду­хо­вен жи­вот и неверојатна има­ги­на­тив­ност. А, како таква, и со илустрации­те но и со текстот, таа претставува зна­ча­ен книжен портрет, белешка за не­го­­во­­то тво­рештво и биографија за про­фе­­си­онал­ниот живот на еден од на­шите нај­добри визуелни уметници.  

0 ден.
0