Патина

   (4 Оценувања)

Категорија : Книги
  Подкатегорија : Проза

Производител : Тихомир Јанчовски

Патина е еден вид длабока анализа на авторот кон себеси, во неа однесени сме на прошетка низ личното подземје и надземје на Тихомир во кои тој го (ре)открива својот личен пат во испреплетеноста на „овој“ и „оној“ свет. Со синтезата, пак, на сродните човечки индивидуалности во една споделена целовитост, го сведочиме освестувањето на авторското чувство за припадност во свет кој нуди победа над себето, но не како резултат на самопобедување. Токму со таа сетилност Јанчовски нуди сосема ново доживување на концептот на “пат околу себе за живот дена”. Со тоа не само што го оправдува пристапот на реоткривање на животните врски и смисли низ дневничко-исповеднички записи, туку останува верен и на иницијалното ветување кон читателот за прозно заедничарење, потпирајќи се на зборот како на трет сопатник...

400 ден.

Опис

...Останувајќи верна на структурната тројственост, книгата е поделена во три главни целини кои нѐ водат низ граѓата и преѓата на авторскиот дом, како во материјална, така и во духовна смисла.
Првиот дел, Патина (состојба на куќата), е вешта плетка од меѓусебни сличности на куќата и телото како човечки дом, придружено со размисли за нивната состојба, градба и одржување.
Во вториот дел, Градина (состојба на дворот), излегуваме од преиспитливиот однос на авторот кон самиот себе и го сведочиме освестувањето на неговото чувство за надворешниот свет и останатите луѓе - на целовитоста на куќата во зависност од нејзиниот двор, околина, градина...
Третиот дел, Стамина (состојба на темелите и покривот), е еден вид на кулминација на авторската свест за заедничките борби кои овоземните жители ги имаат во однос на своето прифаќање како индивидуи, но и како делови од заедничкиот дом кој го делат... налик на покривот и темелите без кои останатиот дел од куќата би бил само убава градба осудена на краткост и неодржлива стаменост.
Со ваквиот аналитичен осврт кон себето, однесени сме на прошетка низ личното подземје и надземје на Тихомир во кои тој го (ре)открива својот личен пат во испреплетеноста на „овој“ и „оној“ свет. Со синтезата, пак, на сродните човечки индивидуалности во една споделена целовитост, го сведочиме освестувањето на авторското чувство за припадност во свет кој нуди победа над себето, но не како резултат на самопобедување. Токму со таа сетилност Јанчовски нуди сосема ново доживување на концептот на “пат околу себе за живот дена”. Со тоа не само што го оправдува пристапот на реоткривање на животните врски и смисли низ дневничко-исповеднички записи, туку останува верен и на иницијалното ветување кон читателот за прозно заедничарење, потпирајќи се на зборот како на трет сопатник...
Тања Аждаја

Оценки од корисници

4yht42025-07-07
buy amoxil tablets - comba moxi amoxil for sale online
wyme12025-07-10
order fluconazole 100mg for sale - https://gpdifluca.com/# order fluconazole 100mg online cheap
j5gcb2025-07-11
cenforce 50mg without prescription - cenforce for sale cenforce 100mg brand
0k0qs2025-07-13
order generic cialis online 20 mg 20 pills - canadian pharmacy online cialis cialis vs flomax for bph

Оценете го продуктот

Карактеристики

0 ден.
0